
Во првиот меч од меѓусебната полуфинална серија, ЦСКА Москва славеше над СКА Ст. Петербург со 2-3 после три продолженија.
Во регуларниот дел, резултатот гласеше 2-2, а херој за гостите беше Никита Нестеров после 43 дополнителни минути.
Претходно, од неговите соиграчи, водство, односно провизорно реми на претставниците на главниот град на Русија им донесоа Максим Мамин и Владислав Каменев.
На спротивната страна, во корист на СКА реализираа Свјатослав Гребеншчиков и Александер Никишин во втората третина.