
ЦСКА Москва ја запиша третата победа во низа, откако во армиското дерби го порази СКА Ст. Петербург со резултат од 4-0.
Голманот на московскиот состав, Адам Ридеборн, ги одбрани сите седумнаесет шутеви на гостите и го запиша вториот шут-аут на последните три средби.
Од неговите соограчи, во листата на стрелците, во првата третина, двапати се запиша Владислав Каменев.
Освен поранешниот хокеар на СКА, голгетери за ЦСКА на денешната пресметка беа Лукас Валмарк и Јоаким Нордстром.
,,Благодарение” на поразот, СКА падна на второто место на Западот, додека ЦСКА се искачи на третото место.