ЦСКА Москва дојде на еден чекор до пласман во конференциското финале на Западот, откако поведе со вкупни 3-2 во четврт-финалната серија против Локомотив Јарослављ.
Имено, претставниците на Москва денес на домашен терен изборија победа од 3-2 и се доближија до полуфиналето.
Уште во првата минута, Константин Окулов им донесе водство на ,,Армејците”, а до крајот на првиот дел, Максим Мамин зголеми на 2-0.
Во втората третина, Теему Пулкинен го преполови заостатокот на Локомотив, но пред втората пауза, Мамин, со вториот денешен погодок, им донесе водство од 3-1 на домаќините.
Најдобриот поединец во составот на Локомотив, гореспоменатиот Пулкинен, погоди уште еднаш во средината на третиот период за поставување на конечниот резултат.
📸 Twitter: HC Lokomotiv