
Во првиот меч од полуфиналето на КХЛ, ЦСКА Москва направи ,,брејк”, совладувајќи го СКА Ст. Петербург со 1-3 на гостински терен.
Претставниците на главниот град на Русија дојдоа до почетно водство после само осумдесет секунди, кога стрелаше Максим Соркин.
Во втората третина, домаќините дојдоа до израмнување, откако мрежата на Иван Федотов ја затресе Андреј Кузменко.
На три и пол минути пред крајот, Александер Попов погоди за ново водство на ЦСКА, а конечниот резултат го постави Владислав Каменев на празен гол.



