
ЛА Анџелс не се снајдоа најдобро во месец јули и на деветнаесет средби запишаа само четири победи.
Имено, синоќа, Анџелс, на гостински терен, ги совладаа Канзас Сити Ројалс со 0-6.
,,Ангелите” постигнаа три поени во седмиот и по еден поен во третиот, во петтиот и во деветтиот ининг.
Во листата на поентерите за победничкиот состав се запишаа: Шоеи Охтани (+1) и Макс Стаси со хоум-ран, односно Фил Госелин, Магнурис Сиера и Тејлор Ворд со трчање.
Во Американската лига, ЛА Анџелс го држат дванаесеттото место со учинок од 41-56, а Ројалс (39-58) се една позиција подолу.