По четврт пат во низа, екипата на Адмирал Владивосток одигра натпревар, кој беше завршен после пенали.
Имено, во првиот денешен дуел од КХЛ, претставниците на далечниот Исток го поразија Северстаљ Череповец со де факто 2-1.
Во втората третина од регуларниот дел, водство на домашниот состав му донесе Либор Шулак, а во третиот дел, за Северстаљ израмни Игор Гераскин.
Во пенал-серијата, гостите ги промашија сите четири удари, а за клубот од Владивосток погодија гореспоменатиот Шулак и Николајс Јелисејевс.
Голманот на победниците, Никита Серебрјаков, одигра одличен меч во кој запиша 37/38 одбрани (97,37%).
На Западот, Северстаљ остана на осмата позиција, додека Адмирал скокна на шестото место во Источната конференција.