
Во единствениот натпревар од синоќешната НХЛ програма, Винипег Џетс славеа над Ст. Луис Блус со 4-2.
На почетокот на третиот период, Блус имаа водство од 0-2, благодарение на Џејк Нејборс и на Никита Александров.
Сепак, до крајот, Џош Мориси и Марк Шофеле по двапати ја затресоа мрежата на Џордан Бинингтон за конечен триумф на Канаѓаните.
Во Западната конференција, Винипег скокна на втората позиција, додека Ст. Луис го зазема единаесеттото место.




