Колорадо Аваланш синоќа ги поразија Флорида Пантерс со 3-2 што всушност претставува нивен прв меѓусебен триумф на домашен терен после 15 декември 2017.
Херој на победничкиот состав беше Андре Бураковски, кој постигна хет-трик.
Швеѓанецот даде по еден гол кон крајот на втората и во почетокот на третата третина за предност од 2-0 на домаќините.
Сепак, во интервал од две и пол минути, Џоу Торнтон и Брендон Монтур израмнија на 2-2, а 88 секунди подоцна, Бураковски ја донесе победата за Аваланш.
За составот од Денвер, ова беше четврти триумф во низа, кој ги искачи на шестото место во Западната конференција.
Од друга страна, Флорида и покрај поразот, остана на врвот на Источната конференција.