
Иако актуелните шампиони, Мелбурн Демонс, ја започнаа сезоната со десет триумфи во низа, на последните осум средби запишаа пет порази.
Во деветнаесеттото коло, во градското дерби, на ,,Марвел Стадиум”, Демонс беа поразени од Вестерн Булдогс со (17.8) 110-100 (15.10).
Мелбурн ја имаше контролата во поголемиот дел од мечот, водејќи и со +27 во втората четвртина, но Булдогс го добија натпреварот со одличната серија од 32-9 во последниот квартал.
По два гола за победничкиот состав имаа Тим Инглиш (2.0), Рајли Гарсија (2.0), Арон Нотон (2.0) и Коди Вајтмен (2.0), а одличен беше првиот пик од драфтот во 2020 – Џамара Угл-Хаган (5.0).
Кај ,,Демоните”, најефикасни беа Џејк Мелкшам (2.1), Кајзеа Пикет (2.2), Сем Вајдмен (3.0) и Бејли Фритч (4.1).
На табелата, Мелбурн остана на второто место, додека Булдогс влегоа во плејоф-зоната на осмата позиција.