
Во директната битка за пласман во плејоф-зоната, Вестерн Булдогс ги поразија Ст. Килда Сеинтс со (13.6) 84-56 (7.14).
Булдогс одиграа одлично прво полувреме, добиено со 52-16, кое беше доволно за мирен влез во продолжението од натпреварот.
Во третата и во четвртата четвртина, ,,Светците” се обидоа да го возвратат ударот, но не успеаја во својата намера.
Хет-трик за победничкиот состав имаше првиот пик од драфтот во 2020, Џамара Угл-Хаган (3.0), а втор стрелец беше Маркус Бонтемпели (2.1).
Кај Сеинтс, седум и повеќе поени имаа само Макс Кинг (2.1) и Џек Билингс (1.1).
На табелата, после седумнаесет одиграни средби, двете екипи имаат по девет победи и го делат осмото место со Ричмонд Тигерс.
Важен факт за Булдогс е враќањето на двајцата клучни играчи – Бејли Смит (после 6 недели) и Џош Брус (после 341 ден).