
Бостон Селтикс се првите четвртфиналисти на НБА, откако во првата фаза од плејофот ги елиминираа Бруклин Нетс со 4-0.
Во четвртиот меѓусебен натпревар, Селтикс триумфираа на гостински терен со резултат од 112-116.
Во текот на цел меч, предноста беше на страната на гостите од Масачусетс, кои успешно се одбранија до самиот крај.
Најефикасни од победничките редови беа Џејсон Тејтум со 29 и Џејлен Браун со 22 поени.
Од противничкиот табор, најрасположени во офанзивата беа Кевин Дурент и Сет Кари со 39, односно со 23 кошеви.




