
По вторпат на последните четири меѓусебни пресметки, Милвоки Бруерс ги победија Питсбург Пиратес, откако синоќа славеа со 0-2.
Двата поени на ,,Пиварите” паднаа во петтиот ининг, кога Омар Нарваез постигна хоум-ран, додека на базите беше Колтен Вонг.
Стартниот фрлач, Брендон Вудраф, одигра одлична партија за победничкиот состав со освоени осум страјк-аути за шест периоди.
Во Националната лига, Милвоки (46-35) скокна на петтото место, додека Питсбург (32-47) го зазема тринаесеттото место.