
Во месец октомври од 2022 година, екипата на Бристол Роверс не знае за пораз на лигашките натпревари, запишувајќи три победи и три ремија.
Во единствениот синоќешен дуел од англиските професионални првенства, Роверс, во шеснаесеттото коло од Лиг 1, ремизираа со Шефилд Венздеј со 1-1.
Венздеј влезе во овој дуел како голем фаворит и стекна водство преку Мајкл Смит (45+3′) во продолжението на првото полувреме.
Сепак, во вториот дел, гостите израмнија преку Џошуа Кобурн (60′), а освоија бод со петте интервенции на голманот Џејмс Белшоу.
,,Можеме да се носиме со екипите од врвот на лигата.” – истакна Белшоу за ,,Скај Спорт”, кој беше избран за играч на натпреварот.
На табелата, клубот од Шефилд го зазема третото место, а Роверс скокнаа на четиринаесеттата позиција.