
Во единствениот денешен натпревар од финската хокеарска Лиига, Јиваскила го совлада Спорт со 3-1.
Домашниот состав направи целосен ,,блицкриг” во првите десет минути, кога стекна водство од 3-0.
Од победничкиот состав, еднаш стрелаше Јуусо Пуустинен, а Рид Гардинер двапати ја затресе мрежата на Нико Ховинен, кој веднаш беше заменет од Расмус Реијола.
Спорт успеа да го намали својот дефицит дури во третата третина, благодарение на својот најдобар поентер – Алекс Холмстром.
На табелата, Јиваскила изби на десеттото место, потиснувајќи го денешниот ривал на дванаесеттата позиција.