
Во последните четири и пол месеци, Блекпул имаше остварено само еден лигашки триумф против Стоук со минимални 1-0.
Сепак, во триесет и седмото коло од Чемпионшип, ,,Мандарините” ги надминаа сите очекувања и ги прегазија КПР со убедливи 6-1.
После триесет и шест минути игра, домаќините веќе имаа водство од убедливи 4-0, кое беше намалено, но подоцна и зголемено до истекот на регуларниот дел.
За гостите, во финишот на првото полувреме, единствен голгетер беше Крис Мартин (43′), кој на седмиот натпревар во новиот клуб го заби вториот погодок.
Од друга страна, двоен стрелец за победничкиот состав беше Енди Лајонс (11′, 48′), а по еднаш реализираа Џери Јејтс (п. 3′), Куртис Нелсон (14′), Џордан Торнили (36′) и Кенет Дугал (88′).
На табелата, Блекпул скокна на дваесет и второто место, но остана во ,,црвената” зона, додека КПР се наоѓаат на деветнаесеттата позиција.