Александар Тарабунов ја препеа безвременската „Едно име имаме“, оригинално отпеана од легендата на македонската фолк музика – Јонче Христовски. И оваа песна Николче Мицевски во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме” ја спакува во нов аранжман.
Видеото за „Едно име имаме” во изведба на Александар Тарабунов е со потписот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот „Македонијо во срце те носиме”, а во чии рамки се препеани 12 македонски легендарни песни, во изведба на 12 изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика. Меѓу изведувачите кои публиката уште треба да ги слушне и види се и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска и Зуица Лазова.