Денес, по 109. пат во историјата, се одржа еднодневната велосипедска трка – Шелдепрајс.
Истата се возеше од холандскиот град Тернојзен до белгискиот Шотен, со должина од 194,2 километри.
Победник, за првпат во кариерата на една престижна еднодневна трка, беше Белгиецот Јаспер Филипсен (Алпесин-Феникс), кој ја помина патеката за време од 04:03:28.
Зад себе, на подиумот, 23-годишниот велосипедист ги остави искусните колеги од Декојнинк-Квик Степ – Сем Бенет и Марк Кевендиш.
Во женска конкуренција, со одличниот спринт во финишот, на првото издание на Шелдепрајс победи Лорена Вибес.
📸 Luc Claessen/Getty Images