Барселона славеше во полуфиналeтo против ПСЖ со 37-32 (полувреме 18-14) и е првиот финалист на фајналфор турнирот во Келн. Екипата на ПСЖ добро започна во 16. минута водеше и со 8-10, но потоа на сцена стапи голманот Мелер кој правеше чуда на голот и до крај на полувремето прими само 4 гола, а неговите колеги во нападот постигнаа 10 за водство на полувреме од 18-14.
Во вториот дел тимот на Барселона одлично го чуваше водството на моменти и го зголеми за конечни 37-32. Дика Мем постигна 8 погодоци за Барселона, Палмарсон даде 6 гола, а по 5 пати погодија Фабрегас и Јанц. Најефикасен кај ПСЖ беше Наи со 9 гола.



