
Во единствениот денешен натпревар од КХЛ, Барис Нур-Султан го порази Сочи со резултат од 5-2 и дојде до третата победа во низа.
Гостите од олимпискиот град ги постигнаа првиот и последниот гол на мечот при што стрелци беа Кирил Петков и Јанис Јакс.
Од друга страна, Казахстанците победија благодарение на серијата од 5-0 постигната помеѓу погодоците на гостите.
За домаќините, голгетери беа Алихан Асетов, Роман Савченко, Јакоб Лилја (х2) и Кирил Савицки.
Во Источната конференција, Барис скокна на деветтото место, додека Сочи ја зазема десеттата позиција на Западот.