Барбара Ракичевиќ младата пејачка и ќерка на познатата поранешна ТВ Водителка Мелита Ракичевиќ, ја објави својата втора песна насловена „Доволно зрел“ . Песната е комплетно авторско дело на Александар Тарабунов, додека видеото и овој пат го изработил познатиот режисер Зоран Стојановски Зонде со кој соработуваше и на својата прва песна.



