
Балтимор Ориолс поврзаа четири победи, откако синоќа ги надиграа Оукленд Атлетикс со 8-1.
Атлетикс поведоа со 0-1 уште во првиот ининг, но во продолжрние потпаднаа под доминацијата на своите ривали.
За Оукленд, единствен поентер беше Тони Кемп, кој освои четири бази по ударот на Шон Марфи.
Од друга страна, домаќините имаа пет хоум-рани, кои беа дело на Рајан Маунткесл (х2), на Седрик Малинс, на Ентони Сантандер и на Едли Рачмен, како и три дополнителни трчања.
Во Американската лига, Балтимор (71-61) го зазема шестото место, додека Оукленд (49-89) е последнопласиран.