
Ешли Барти го освои својот трет грен-слем во кариерата, по Ролан Гарос во 2019 и по Вимблдон во 2021, откако победи во финалето на овогодинешниот Австралијан Опен.
Имено, Барти стана прва Австралијка што триумфирала на овој турнир после Крис О’Нил од 1978 и дополнително се зацврсти на првото место на ВТА ранг-листата.
Во најважниот меч, светскиот рекет број еден славеше над Даниел Роус Колинс од САД со вкупни 2-0 (6-3, 7-6 (7-2)) после еден и пол час игра.
Во првиот сет, новата шампионка освои еден брејк и поведе со 1-0, но во втората партија, по загубените два гема на свој сервис, мораше да надоместува заостаток од 1-5.
Колинс сè уште нема титула во својата кариера, а денешното финале беше нејзино највисоко достигнување на еден грен-слем.




