
За првпат после 1 март 2020, Авангард Омск успеа забележа триумф над Салават Јулаев Уфа на донашен терен.
Имено, во едниот од двата денешни натпревари, актуелните шампиони славеа над ,,Зелените” од Уфа со резултат од 2-1.
После неполни пет минути игра, Сергеј Шмелјов им донесе почетно водство на гостите, но сепак остана единствен хокеар што го совлада голманот Василиј Демченко.
Веќе во седмата минута, Петер Цегларик израмни на 1-1, а целосниот пресврт го комплетираше Корбан Најт во втората третина.
Вториот пораз во ноза го спушти составот од Уфа на третото место во Источната конференција, додека Авангард ја зазема шестата позиција.



