
Актуелниот шампион на КХЛ, Авангард Омск, ја заврши 2021 година со пораз, односно до прекин на серијата од четири победи.
На патот на победничката низа на ,,Јастребите” застана екипата на Трактор Чељабинск, која триумфираше со 1-3.
Стрелци за ,,Мечките” беа Артјом Блажијевски и Никита Тертишни во првата, односно Томаш Хика во втората третина.
За поразениот состав стрелаше само Алексеј Береглазов во последната минута од мечот.
Освен тројцата голгетери, од исклучителна важност за Трактор беше и голманот Роман Вил, кој одбрани 46/47 противнички удари (97,87%).
Со новите два бода, Трактор изби на врвот на Источната конференција, додека Авангард го зазема петтото место.



