
Во првата од двете денешни средби во КХЛ, актуелните шампиони, Авангард Омск, го запишаа шестиот врзан триумф.
Претставниците на Источна конференција, на гостински терен, го поразија Торпедо Нижњи Новгород со минимални 0-1.
Стрелец на единствениот погодок беше Арсени Грицјук во втората третина по асистенција на Владимир Жарков и на Александер Дергачјов.
На голот на победничкиот состав стоеше Симон Хрубец, кој со 29/29 одбранети шутеви го запиша вториот шут-аут во сезоната.
На Западот, Торпедо го зазема седмото место, додека Авангард е петти на Истокот.