
Авангард Омск е првиот тим од Источната конференција на КХЛ, кој дојде до ,,меч-топка” за пласман во четвртфиналето.
Имено, во четвртиот дуел од осминафиналната серија, ,,Јастребите” го совладаа Сибир Новосибирск со 1-4 и поведоа со вкупни 3-1.
Во првата третина, Арсени Грицјук и Корбан Најт им донесоа двојно водство на гостите, а Валентин Пјанов го намали дефицитот на домаќините.
Сепак, во третиот период, Авангард го завери триумфот, благодарение на Сергеј Толчински и на Рид Бушер.
https://www.instagram.com/reel/Cph1VB7IxLw/?igshid=YmMyMTA2M2Y=