Македонската пејачка Полина Тас деновиве ја претстави својата најнова авторска песна „Феномен“, заедно со впечатлив и визуелно моќен видеозапис кој веќе го привлекува вниманието на публиката. Станува збор за проект во кој музиката, модата и уметноста се споени во една современа и естетски прецизна приказна.
Зад продукцијата и авторството на песната стои Иван Костадинов – Панда, кој ѝ даде модерен звук и препознатлива енергија. Видеозаписот го режираше Владислав Гавриловски, а во него како главен машки лик се појавува уметникот Бојан Ковски, кој со својата појава и интерпретација додава дополнителна димензија на приказната.
Модниот сегмент е доверен на Мите Занов, чии уникатни креации внесуваат доза на авангардност и софистицираност во визуелниот концепт. Зад целокупната идеја и креативна насока на видеото стои Андреј Папаз, кој успеа да создаде силна визуелна естетика што совршено кореспондира со пораката на песната.
Песната и видеозаписот се достапни на дигиталните платформи, а реакциите од публиката веќе се позитивни.




