
После единаесет меѓусебни победи во 2021, Сан Франциско Џајантс го запишаа вториот овосезонски пораз од Аризона Дајамондбекс, откако синоќа загубија со 3-1.
Домаќините ги стекнаа сите три поени уште во вториот ининг, притоа допуштајќи им на Џајантс само еден поен во петтиот период.
За поразениот состав, хоум-ран забележа Курт Касали, кој поентираше на овој начин по петти пат сезонава.
На спротивната страна, по четири бази освоија Кристијан Вокер, Ник Ахмед и Медисон Бумгарнер.
Бумгарнер исто така беше и најдобар фрлач на својот тим со освоени четири страјк-аути за шест ининзи.
На табелата на Националната лига, ситуацијата остана непроменета со тоа што Сан Франциско (67-40) е прв, а Аризона (34-74) е последен тим.



