За првпат после речиси две години, Аризона Којотес запишаа триумф над Ст. Луис Блус, поразувајќи ги со 5-0.
На домаќините, за да дојдат до конечниот резултат, им беа потребни само шеснаесет минути игра, односно два гола во втората и три во третата третина.
Од победничките редови, хет-трик направи Ник Шмалтц, а во листата на стрелците се запишаа уште Тревис Бојд и Берет Хејтон.
Голманот на ,,Којотите”, Карел Вејмелка, дојде до третиот шут-аут во сезоната, одбранувајќи ги сите противнички удари (33/33).
Во Западната конференција, Ст. Луис остана на единаесеттото место, додека Аризона ја зазема четиринаесеттата позиција.