Македонската пејачка Антониа Гиговска го објави спотот за песната „Жена“ со која се претстави на фестивалот Макфест кој се одржа викендот.
Во видеозаписот атрактивната Антониа Гиговска се појавува со нов имиџ со кратка коса и секси црвена креација .

Музиката и аранжманот на песната ги потпишува Лазар Цветкоски, а текстот на песната е на Магдалена Цветкоска.




