Доркинг Вондерерс е англиски фудбалски шестолигаш, кој е во блиски пријателски односи со актуелниот македонски шампион, Вардар, како и неколку други клубови од регионот (Осогово, Вождовац).
Прв противник на Вондерерс во новата сезона беше тимот на Истбурн Бороу.
Интересно е дека двете екипи ги отворија своите сезони со меѓусебен дуел и во втората квалификациска рунда на ФА Купот и во првото коло од Националната Лига Југ.
Во ФА Купот, пред неколку дена, двата ривали пружија интересен дуел, со шест голови и два црвени картони, кој беше решен после пенали во корист на Истбурн Бороу.
Што се однесува до лигашката средба, Доркинг успеа да се реваншира, славејќи со 0-3.
Резултатот, во 23. минута, го отвори Џејсон Прајор, кој беше најдобар стрелец на Вондерерс минатата сезона. Истиот играч ја зголеми предноста на Доркинг на 0-2 во 39. минута од пенал, а во последните мигови од полувремето, Џејмс Фери постигна автогол за конечни 0-3.



