
Играчите на ЛА Анџелс дојдоа до втората победа во низа, откако синоќа славеа со 4-5 над Хјустон Астрос.
На мечот, после првите пет ининзи, Астрос водеа со 4-1, а четирите поени на Анџелс во петтиот ининг се покажаа како победоносни.
За домаќините од Хјустон, поентери со трчање беа Хозе Алтуве, Кајл Такер, Џејсон Кастро и Карлос Кореа.
Од победничкиот состав, хоум-ран постигнаа Џеред Волш и Џастин Аптон, а по четири бази освоија Мајк Траут, Хозе Рохас и Тејлор Ворд.
На табелата на Американската лига, Хјустон (18-17) се наоѓа на деветтото место, додека Анџелс (16-18) ја заземаат дванаесеттата позиција.



