
Од релативно конкурентен тим, Анахајм Дакс почна да ги губи сите шанси за плејоф и се наоѓа во низа од шест порази.
Претставниците на Калифорнија синоќа беа во потполност надиграни од Флорида Пантерс и загубија со 0-3.
Пантерс упатија 42 шутеви, а дозволија само 17, кои беа одбранети од голманот Спенсер Најт за првиот негов шут-аут во сезоната.
Двоен стрелец за победничкиот состав беше Џонатан Убердо во првата третина, а еднаш во вториот дел погоди 42-годишниот Џоу Торнтон.
Сите три голови паднаа во момент кога Флорида имаше играч повеќе на ледената плоча.
Во Источната конференција, ,,Пантерите” го заземаат првото место, додека Анахајм се спушти на дванаесеттата позиција на Западот.