
Ситуацијата во нападот на Трактор Чељабинск станува сè посериозна, откако ,,Мечките” не успеаја да постигнат погодок ни на третиот последователен натпревар.
Во изминатите четири дена, Трактор загуби двапати од Адмирал Владивосток со 3-0 и со 1-0, а денес беше поразен од Амур Хабаровск со 2-0.
Првиот гол на Амур падна во третата минута, кога во листата на стрелците се запиша Словенецот Јан Дрозг, кој го заби првиот гол во КХЛ на својот трет настап.
Во втората третина, конечниот резултат го постави Артур Гиздатулин, затресувајќи ја мрежата на Илја Проскурјаков по вторпат.
На голот на победничкиот состав стоеше Јевгени Аликин, кој со 28/28 одбрани дојде до вториот овосезонски шут-аут.
На табелата на Источната конференција, Амур е претпоследен со еден бод помалку во однос на денешниот ривал.