Во 1/32-финалето на англискиот Лига Куп, силите ги одмерија два тима што минатата сезона беа во ист ранг, а сега ги делат две дивизии – Лидс Јунајтед и Хал Сити.
Третолигашите поведоа уште во петтата минута со голот на Малик Вилкс. Овој резултат беше актуелен сè до последните секунди, кога Алиоски израмни на 1-1 за Лидс и го однесе натпреварот во пенал-серијата.
Овде, Македонецот се покажа како трагичар промашувајќи го својот единаестерец. Накрај, Хал избори пласман во 1/16-финалето, откако десеттиот пенал за Лидс го промаши Џејми Шаклтон.
Во наредната фаза, Хал ќе се соочи со Вест Хем, кој беше подобар од Чарлтон со 3-0.



