Александар Тарабунов – Тара после неколку месеци oбјави нов сингл и видео запис „Нема крај“,, кој е негово авторско дело. Aранжманот е заеднички со Роберт Билбилов, додека, пак, текстот е заедничко дело со Зоран Зонде Стојановски кој се потпишува и како режисер на спотот. Манекенката Сара Дојчиноска се појавува во спотот за оваа песна.