Во рамките на 23 коло до Прва МФл, екиапта на Академија пандев триумфира среде Скопје, над тимот на Работнички и им ја прекината серијата на позитивни резултати. Се играше 11. минута кога Марио Крстовски со глава ја затресе мрежата на „романтичарите“.
Домашниот фудбалер, хрватот Прелчец на истекот на првото полувреме не успеа да погоди со удар од беалта точка, односно гостинскиот голман, Марко Јовановски го одбрани неговиот удар.
Точка на мечот стави нововлезениот Велиновски, кој со прекрасен удар го совлада Јанков и го постави конечниот резултат. Следното коло за Академија Пандев носи домашен натпревар против Струга Трим Љум, а за Работнички гостување кај Беалсица.



