Во рамките на 17 коло од Прва ЖФЛ по Куп натпреварите повторно се враќаат возбудувањата во првенството, каде што во Струга домашната екипа на ЖФК Ас Јунајтед покажа на дело дека домашниот терен е неосвоива тврдина и дека на тој терен ниту екипи од типот на ЖФК Љуботен кој има играчки засилување тешко се заминува со бодови.
Натпреварот помина во фер и коректна игра од двете страни, а ЖФК Ас дојде до рутински триумф од 3:0. Најзаслужни за новите три бода се стрелците Веса Села и двоен стрелец беше Илза Максути.

За гостинската екипа од Тетово до крај им преостанува да го изборат опстанокот, додека за струшките фудбалерки да се борат за титулата во првенството се додека имаат математички шанси да стигнат до целта.



