По третпат во низа на домашен терен, АК Барс Казањ го совлада Трактор Чељабинск, откако денес славеше со 3-2.
На натпреварот беа направени вкупно два пресврти, по еден и на двете страни, а голови паѓаа во сите третини.
Најпрво, Кирил Панјуков им донесе водство на домаќините, но во вториот дел, гостите поведоа, благодарение на Артјом Блажијевски и на Сергеј Телегин.
Сепак, во воведните минути од последниот период, клубот од Казањ дојде до триумф со головите на Вјачеслав Војнов и на Станислав Галиев.
Во Источната конференција, АК Барс скокна на третото место, додека Трактор падна на деветтата позиција.