
На првиот меѓусебен натпревар во календарската 2023, Њујорк Ајлендерс ги совладаа Њу Џерси Девилс со 5-1.
На средината на мечот, резултатот гласеше 1-1, откако Пјер Енгвал погоди за домаќините, а Ерик Хаула за гостите.
Сепак, до крајот, Кајл Палмиери (х2), Бо Хорват и Зек Парис ја затресоа мрежата на Витек Ванечек за комплетирање на ,,петардата”.
Во Источната конференција, Девилс го заземаат третото место, додека Ајлендерс се наоѓаат на седмата позиција.