Откако Тампа Беј Лајтнинг поврзаа два триумфи, Њујорк Ајландерс израмнија на вкупни 2-2 во полуфиналето на НХЛ, со синоќешната победа од 3-2.
Имено, Ајландерс, на домашен терен, ги израдуваа своите навивачи во втората третина, кога биеја прецизно дури трипати.
Стрелци за победничкиот состав беа Џош Бејли, Метју Барзал и Мет Мартин.
Во третиот период, Голден Најтс успеаја да изборат неизвесен финиш, но не и да дојдат до продолжение.
За гостите, во воведните седум минути на третиот дел, прецизно стрелаа Брејден Поинт и Тајлер Џонсон.
Петтата партија помеѓу овие две екипи е закажана за вечерта помеѓу 21 и 22 јуни со почеток од 02.00 часот после полноќ.