Актуелниот шампион Ричмонд Тигерс веќе втор натпревар во низа не успева да забележи победа. Од првите четири кола, „Тигрите“ имаат само една победа проследена со едно реми и два порази. Токму денес го забележија и вториот овосезонски пораз и тоа од аутсајдерскиот тим на Ст. Килда Сеинтс. Ст. Килда ги доби сите четвртини од денешниот меч, а конелниот резултат изнесуваше (15.3) 93-67 (10.7). Ст. Килда славеше над денешниот ривал за првпат после 8 јули 2017.
Најефикасните играчи на овој дуел потекнуваат од редовите на победничкиот состав. Имено, Ден Батлер имаше учинок од (3.2) односно дваесет поени, а Тим Мембри забележа само еден поен помалку (3.1).
На табелата, Ст. Килда изби на петтото место со осум освоени поени, додека Ричмонд падна дури на дванаесетто со само шест бодови.



