Првиот денешен натпревар од деветтото коло во тековната АФЛ сезона го одиграа екипите на Норт Мелбурн Кенгарус и на Аделаид Краус. Двете екипи, во пресрет на натпреварот, ги заземаа последните две места на табелата така што овој натпревар со сигурност можеше да се нарече „дерби на дното“.
Имено, до третата овосезонска победа стигна Норт Мелбурн, кој денес беше подобар со убедливи (19.5) 119-50 (7.8). За Кенгарус, ова е највисок број на постигнати поени во оваа сезона, а воедно и највисок учинок уште од 17 август 2019 кога славеа над Порт Аделаид Пауер со (22.12) 144-58 (8.10).
Одлично засилување во редовите на пибедничкиот состав беше Суданецот Маџак Дау, кој се врати на теренот после повеќе од седумстотини денови и постигна еден гол. Најефикасен играч на натпреварот беше Кам Зурхаар од Норт Мелбурн со постигнати деветнаесет поени (3.1). По два гола за Норт Мелбурн постигнаа и Шон Хигинс, Ник Ларки, Џаспер Питард, Лук Дејвис-Јуниак, Арон Хол и Џек Махоуни.
Оваа победа им помогна на Кенгарус да се искачат на четиринаесеттото место, додека поразот го „закова“ Аделаид на самото дно со нула освоени поени.



