
После Авангард Омск, Адмирал Владивосток е вториот четвртфиналист на КХЛ од Источната конференција.
Во осминафиналната серија, ,,Морнарите” го добија Салават Јулаев Уфа со вкупни 4-2, откако во шестиот дуел славеа со 3-2.
На Салават, водство од 0-1 и провизорно реми од 2-2 му донесе Александер Хмелевски, кој ги постигна последните овосезонски погодоци за својот тим.
Од другата страна, Павел Шен и Иван Јемец го приредија првиот пресврт, а конечната победа ја донесе Антон Берлјов на две и пол минути пред крајот.