Единствениот денешен натпревар, а воедно и вториот од новата АФЛ сезона го одиграа Колингвуд Мегпајс и Вестерн Булдогс.
Од двете мелбурнски екипи, сезоната со триумф ја отворија Булдогс, кои победија со (7.11) 53-69 (10.9).
Шампионите од 2016 водеа во текот на цел натпревар, а сè започна со серијата од 18-0 во првите шест минути, кога по еден гол постигнаа Лејтам Вандермеер, Арон Нотон и Џош Брус.
До крајот, Мегпајс не успеаја да ја пронајдат посакуваната формула за правење пресврт и го напуштија ,,Мелбурн Крикет Граунд” со пораз.
Најефикасниот играч на мечот беше од редовите на Колингвуд, односно Брејди Мајочек, кој постигна 14 поени (2.2).
Од победничкиот состав, по дванаесет поени, односно по два голови, запишаа горенаведените Вандермеер и Нотон, како и Бејли Смит.
📸 Quinn Rooney/Getty Images