
Првото натпреварување во Лејк Пласид (САД) од Светскиот куп во ски скокови заврши со победа на Андреас Велингер.
За Германецот, ова беше четврта победа во кариерата и прва после 2017, освоена со скоковите од 129 и од 125,5 метри.
На втората позиција се искачи Рјоју Кобајаши со рекорд на скокалницата од 136 метри во првата серија, а Даниел Чофених го освои третото место за својот прв подиум во кариерата.
За само 0,8 поени, без пиедестал остана Тими Зајц, а во првите десетмина се најдоа уште: Давид Кубацки, Домен Превц, Халвор Егнер Гранеруд, Карл Гајгер, Михаел Хајбок и Маркус Ајзенбихлер.