Самоиницијативно, како и за претходниот стрим, се спремаме за пренос во живо од празнувањето на Велигден во Струга 2023 (16.04.2023). За разлика од стримот за Водици, каде што користевме целосно мобилен сетап за стрим, сега планираме да ја поставиме продукцијата на едно многу повисоко ниво.
Овојпат, стримот ќе оди напоредно на две социјални мрежи (на јутуб и на фејсбук истовремено), ќе вметнеме дрон во живо, неколку безжични (4G+) камери, како и камери кои ќе бидат со фиксна позиција. И планираме стрим во FullHD, висока резолуција.
За да постигнеме многу висок квалитет, во корист ќе ни биде секоја помош. За овој стрим, имаме можност за помагатели на стримот, кои ќе влезат во крајниот постер и нивните логоа ќе бидат вметнати во текот на самиот стрим. А, за сите што сакаат поединечно да нè поддржат, тоа можат да го извршат на следниот линк :
https://www.buymeacoffee.com/alexmenkiphoto/w/12993
Сите кои се заинтересирани за помагатели на стримот може да ме контактираат тука во пораки, на телефон или на меил.

Да оставиме заедно дигитално наследство од нашиот град, токму онака како што наликува. Од Стружани, за Струга!
Со почит,
– стои во објавата на Александар Менкиноски на социјалните мрежи.
Digitalin LIVESTREAM