Во рамките на 15 коло од најдобрата ракометна Бундеслига, ракометарите на Вецлар запишаа рутинска победа на гостувањето кај Есен со резултат од 29:36 на полувреме беше 16:15 и со оваа победа Вецлар одржува чекор со ривалите во борбата за пласман во разигрувањето за евро куповите.
Македонскиот искусен интернационалец помогна со 2 постигнати гола, додека најефикасен заврши Феликс Клингер од редовите на домаќинот со 10 голови, еден повеќе од Кристијан Бјорнсен од тимот на Вецлар.



