Барселона си ги разубави празниците со најубавата можна победа, на „Ел Класико“ против вечниот ривал Реал Мадрид и тоа на гостински терен. Каталонците беа подобри кога најмногу требаше, во последната четвртина што ја добија со 22:17 и победија со 87:82.
Никола Миротиќ беше убедливо најефикасен на мечот со 26 поени и имаше клучна блокада во последниот напад на Реал Мадрид при четири поени разлика за неговата екипа. Во победничкиот тим двоцифени беа и Хигинс со 12, Курич со 14 и Ориола и Ханга со по 10 поени.
Во тимот на Реал Мадрид најпрецизни беа Љуљ со 14 и Дек со 11 поени. По овој пораз нема веќе непоразени екипи во шпанското првенство, а Реал останува лидер со 28 бода по 16 кола, пред Тенерифе и Барселона со по 26 и Басконија со 24 бода.



