Одбојкарките на Вардар загубија од Нитра со 3:0 (25:12, 25:17 и 25:17) во осминафиналето на Челенџ купот на ЦЕВ. Разликата во квалитетот е отсликана во конечниот резултат, па словачкиот тим ќе игра во финалето на таканаречениот “балон турнир” во унгарскиот град Капошвар, а со тоа ќе се натпреварува за настап меѓу најдобрите четири. Вардарки иако се првопласирани на домашна сцена, сепак се далеку од квалитетот од сите европски клубови.
Извор и фото: http://www.vfmkd.mk/



